Една година војна: Алекс Алексиев – бугарскиот актер кој спасува бегалци
Неколку денови по војната во Украина тргнува со автобус – без страв од бомбите, за да однесе храна и облека, да им помогне на настраданите, да ги спаси мајките со деца од ужас, за да им однесе…надеж!
Во март 2022 година, Алекс и Георги Божилов, со кого се запознаваат набргу по почетокот на војната, го направија првото од неколкуте патувања до Молдавија и Украина за да пренесат хуманитарна помош и да донесат десетици украински бегалци во Бугарија.
Украина е прегратка, за некого последна…
Актерот за БНР изјави дека за време на неговата прва посета видел многу силна емоција кај луѓето, сила и верба, „таму се мобилизираме за да бидеме корисни, мораме да ги проголтаме емоциите за да бидеме попродуктивни“.
“Постапувам чисто импулсивно врз основа на моите верувања, но ја сфатив важноста на тоа што го правам. Никогаш не се чувствував сам во тоа што го правев. Бев опкружен со прекрасни луѓе”, додава Алекс Алексиев.