ЕУ ОФИЦИЈАЛНО ЈА ОДБИВА РУСКАТА ВАКЦИНА, НО ЗАД ЗАВЕСИТЕ ПРЕГОВАРА ЗА НЕЈЗИНА УПОТРЕБА
Европската Унија официјално ја отфрли вакцината „спутник 5“ и ја прогласи за непожелна, но зад очите на јавноста, официјален Брисел се свртува кон руската вакцина затоа што мора да имунизира 450 милиони граѓани на ЕУ и да го врати животот во нормала, дознава „Ројтерс“ од дипломатските кругови во Брисел.
Официјален претставник на ЕУ вклучен во преговори за набавка на вакцини со фармацевтски компании изјави дека земјите членки на ЕУ размислуваат да започнат преговори со производителите на „спутник 5“ врз основа на барање од четири земји членки да започнат процес на преговори.
Имено, Унгарија и Словачка веќе набавиле руски вакцини, Чешка, изрази интерес, а европските власти потврдија дека Италија планира да започне со производство на „спутник“ во својот најголем биореактор во фабриката Реи Тера во близина на Рим.
Европската агенција за лекови досега одобри употреба на вакцини од четири производители, но имунизацијата во ЕУ се одвива бавно, како резултат на недостатоците во производствениот процес.
Доколку „спутник 5“ биде одобрен во ЕУ, тоа ќе биде голема дипломатска победа за Русија, која веќе една година е погодена од трговски санкции од Брисел поради Крим, наведува „Ројтерс“.