ЕУ со нова операција против тероризмот

//

Агенцијата за обезбедување на надворешните граници на Европската Унија, „Фронтекс“, започна операција во Средоземното Море, со главна цел откривањето на терористички закани. Здружената операција „Темида”, именувана по грчката божица на правдата, почнува  во централниот дел на Средоземното Море.

Бродовите на Фронтекс освен со спасување на мигрантите од бродовите за шверц на луѓе, ќе се вклучат и во собирањето на „разузнавачки податоци и други мерки насочени кон откривање странски борци и останати терористички закани на надворешните граници на Европа“.

Операцијата ќе се одвива во територијалните водите на Алжир, Тунис, Либија, Египет, Турција и Албанија.



Претходна статија

Приходите на руските компании во Македонија пораснале за четири пати од 2006 до 2015 година

Следна статија

Грчки анархисти се закануваат со „леење на крв“ на протестот во Атина

Најново од Вести