|

ФИЛИПЧЕ: ОД СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ЌЕ МОЖЕ ДА СЕ ВАКЦИНИРААТ НАД 10 000 ГРАЃАНИ ДНЕВНО

На пунктовите за масовна вакцинација што треба да профункционираат во уште шест градови од вторник следната недела дневно ќе се овозможи да се вакцинираат и над 10 000 граѓани и воопшто да нема никакви гужви, изјави денеска Министерот за здравство Венко Филипче кој присуствуваше на донација од Словачка за Клиниката за детски болести.

Коментирајќи ги вчерашните реакции од граѓани дека чекале за вакцинација на вакцинални пунктови во Скопје, Филипче денеска кажа дека станува збор за недоразбирање во термините, и дека тоа нема да се случува во наредниот период.

“Има сосема доволен предвиден простор но оваа слика и доколку е некаков ризик, а за сега не гледаме дека е ризик, може да се смени со пуштањето на пунктовите за масовна вакцинација, спортските сали кои ќе профункционират од вторник. Веќе во понеделник насекаде ќе бидат дистрибуирани согласно бројот на пријавени граѓани кинеските вакцини и во Тетово, Куманово, Штип, Кавадарци, Битола и Охрид ќе започне вакцинирањето. Мислам дека ќе биде систем којшто ќе овозможи и над 10.000 граѓани дневно да се вакцинираат и воопшто да нема никави гужви”, изјави Филипче, одговарајќи на новинарско прашање.

Министерот за здравство дополни дека досега вкупно се вакцинирани околу 60.000 граѓани, а во таа бројка се и постарите лица над 70 години и вработените во критичната инфраструктура.



Слични Објави