(ВИДЕО) АНГЕЛОВ: НИЕ ОД ВМРО САКАМЕ ДА ГО ОГРАНИЧИМЕ ВЛИЈАНИЕТО НА ТУРЦИЈА ВО ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ НА БУГАРИЈА

„Не сакаме да ги ограничиме бугарските граѓани да гласаат, туку да го ограничиме мешањето на турските служби во внатрешните работи на Бугарија. Најголемата грижа на ВМРО е што таканаречените „партии на протестот“ во бугарскиот парламент сакаат да го променат изборното законодавство и да дозволат откривање на безброј избирачки места на територијата на Република Турција“, изјави организациониот секретар на ВМРО Јулијан Ангелов за време на своето гостување во емисијата „Уште од денот“ на бугарската државна телевизија БНТ.

„Ние, како бугарски патриоти, го запревме тоа со закон во 43-то Национално собрание, така што Турција и турските служби, како и Ердоган, да не можат да влијаат врз внатрешните работи на Бугарија, нагласи Ангелов.



Тој беше категоричен дека Турција не е демократска земја и бугарските граѓани кои живеат таму не одат да гласаат според своите ставови, туку тие организирано го даваат својот глас за една одредена партија, алудирајќи на Движењето за права и слободи.