|

Возачките дозволи не се наплаќаат, тоа е административна такса, велат од МВР и најавуваат измена на законот

По поплаки на голем број граѓани дека промената на возачките дозволи се наплаќа, и покрај тоа што би требало да се бесплатни за граѓаните, од МВР велат дека тоа што се наплаќа е административната такса.

„Возачките дозволи и сообраќајните дозволи со името “Република Македонија“ кои се уште се важечки, се заменуваат во редовна постапка со нови со името „Република Северна Македонија“ и притоа на граѓаните не им се наплаќа цената пропишана за тие обрасци, до 31 декември 2024 година. Но, за истите документи пропишанa е административнa таксa која се наплатува, согласно Законот за административните такси кој се уште нема претрпено измени во тој дел. МВР ќе предложи измена на законот, се со цел и административната такса да не се наплаќа“, велат од МВР.

Слични Објави