| |

Бројот на туристите во зимското одморалиште Банско во Бугарија зголемен за 45 % во споредба со ноември минатата година

Во ноември општина Банско ја посетиле повеќе од 13 илјади туристи, што е зголемување за 45%, споредено со истиот период за 2021 година, кога гостите на Банско биле нешто повеќе од 9 илјади. Ова се податоците објавени во месечниот деловен билтен на општината.

Значителен раст е забележан и кај ноќевањата. Во месец ноември 2022 г. реализирани се повеќе од 37 000 ноќевања, а за 2021 година има близу 19 000, пишуваат од „24 часа“.

Домашните туристи останува лидер во ноември, со над 14 000 регистрации за сместување, а потоа следат туристите од Романија, Украина, Грција и Северна Македонија. Пристигнувањата од овие земји претежно се за спа, велнес, планински и деловен туризам.

Во статистиката се наведени и бегалците од војната во Украина, кои се сместени во познатото бугарско зимско одморалиште.

Слични Објави