Бујар Османи го награди со признаница професорот Даниел Сервер познат по своите антибугарски ставови

//

Шефот на македонската дипломатија Бујар Османи преку социјалната мрежа Facebook соопшти дека му врачил признание на професорот Даниел Сервер, од Џон Хопкинс универзитетот „како симболична благодарност за нeговата поддршка во процесот на консолидација на нашата независност“.

„Во своите јавни и објективни настапи, Сервер дал важен придонес во процесот на меѓународна афирмација на Северна Македонија, а со тоа оставил и траен белег во заокружувањето на нашите стратешки цели и зацврстување на евро-атлантската перспектива“, пишува Османи.

Во однос на отворените прашања меѓу Бугарија и РС Македонија Сервер е на отворени антибугарски позиции и јавно повикувал и прогнозирал дека САД ќе изврши притисок врз Софија, бидејќи, како што вели тој, бугарските барања кон РС Македонија се „апсурдни“.

Во интервју за МИА во јуни минатата година Сервер изјави дека очекува американската Администрација да изврши притисок врз Бугарија за изнаоѓање брзо решение во однос на „апсурдните барања до Северна Македонија“ поврзани со јазикот и историјата, што, според него, е
причина за фрустрација во многу европски центри и во Вашингтон.



Во интервју за Гласот на Америка на македонски, од декември 2020 г. Сервер истакна дека тешките прашања на релација Скопје-Софија се повеќе поврзани со бугарскиот идентитет отколку со македонскиот, исто како што била ситуацијата и со спорот за името меѓу РС Македонија и Грција.



Претходна статија

Бугарскиот претседател Радев зеде учество во откривањето на споменик посветен на 11 македонска пешадиска дивизија под врвот Тумба на Беласица

Следна статија

АХВ со предупредување: Поради високите температури – внимавајте на безбедноста на храната

Најново од Вести