ФИЛИПЧЕ:ПРЕД ДА СЕ ДОЈДЕ НА ВАКЦИНАЦИЈА ДА СЕ ПОПОЛНИ ДОКУМЕНТОТ „COVID19 СОГЛАСНОСТ ЗА ВАКЦИНА

/

Пред да се дојде на вакцинација може да се пополни документот „COVID19 Согласност за вакцинација” за да се избегне метеж на пунктовите.

На веб страницата kovid19vakcinacija.mk можете да го најдете документот „COVID19 Согласност за вакцинација”, кој е задолжителен документ за секое лице кое сака да биде вакцинирано.

Согласноста може да биде пополнета претходно, но истата се наоѓа и на пунктовите за вакцинација каде може директно да се пополни и да се приложи, објави на својот Фејсбук профил министерот за здравство Венко Филипче.



Ве охрабрувам, посочува министерот, сите кои имате можност да го преземете и пополните документот пред да дојдете на закажниот термин за вакцинација со цел да избегнеме метеж и чекање. https://kovid19vakcinacija.mk/izjava-za-soglasnost/

Претходна статија

ВРАБОТЕНИ ВО ФАБРИКА ГИ ПОМЕШАЛЕ СОСТОЈКИТЕ НА ВАКЦИНАТА, „ЏОНСОН И ЏОНСОН“ ДОЦНИ СО ИСПОРАКАТА

Следна статија

ССМ НЕ СЕ СОГЛАСУВА ВО ЦЕЛОСТ СО ПРЕДЛОЖЕНИОТ КОНЦЕПТ ЗА НЕДЕЛА НЕРАБОТЕН ДЕН

Најново од Вести