Филмот „Одмаздничката“ посветен на Мара Бунева ќе биде прикажан премиерно во киното „Одеон“ во Софија- влезот е бесплатен
„Скопје, 13 јануари 1928 година. Една млада жена го убива српскиот обвинител Велимир Прелиќ на стариот камен мост над Вардар и потоа пука во самата себе. Која е Мара Бунева, која го жртвува својот живот, семејство, сакан сопруг во името на идеалот – одмаздата кон поробувачите на татковината. Терорист или херој, криминалец или жена која случајно влегла во македонските работи? “
Ова е дел од презентацијата на новиот документарен филм за Мара Бунева, чие премиерно прикажување ќе биде на 12 јануари во 19 часот во киното Одеон. Датумот е избран така што е во пресрет на денот на кој го почитуваме херојската саможртва на Мара Бунева. Влезот е бесплатен, јавува бугарскиот дневен весник 24 часа.
Денес, приказната за Мара Бунева, или како што ја нарекуваат некои „македонската Шарлот Корде“, продолжува да тоне во заборав, а нејзиното име ретко се споменува, освен во случаите околу инцидентите и обидите за уништување на нејзината спомен плоча во Република Северна Македонија.
Филмот, кој е направен со поддршката на Националниот филмски центар и Државна агенција „Архиви“, се потпира на малиот број познати факти за Мара Бунева, обидувајќи се да ги толкува психолошките импулси и различните димензии на нејзината постапка. 77-минутната лента е во режија на Ралица Димитрова, сценариото е на Тони Николов, а оператор е Пламен Герасимов.
