Фондација „Бугарска памет“ со неколку добротворни иницијативи во РС Македонија по повод новогодишните и Божикните празници
Фондацијата „Бугарска памет“ и нејзиниот прв човек д-р Милен Врабевски финансираа неколку добротворни иницијативи на бугарските здруженија во Република Северна Македонија, јавуваат од Фондацијата. Со финансиската помош на д-р Врабевски беа организирани неколкудневна креативна работилница за најмладите и коктел за нивните родители, каде што децата под будното око на Дедо Мраз изработија новогодишни украси. Дедо Мраз, од своја страна им подели и многу подароци.
Фондацијата „Бугарска памет“ учествуваше и во донацијата на над 200 новогодишни пакетчиња, новогодишни елки, парична помош и други потреби на установи за деца со посебни потреби и деца без родители, меѓу кои ОУ „Георги Сугарев“, Едукативниот центар „Кочо Рацин“, Дом за бебиња и мали деца и Здружението на психолози Рилука од град Битола.

