| | |

(Фото) Фондацијата „Единство“ и Studirajbg реализираа божикна хуманитарна акција за деца во Кочани

Фондацијата „Единство“ – Кочани и веб-платформата Studirajbg – Студирај во Бугарија реализираа божикна хуманитарна акција, насочена кон децата во градот Кочани и неговата околина.

Во рамките на акцијата беа донирани божикни подароци за децата во новоотворената детска градинка „Детелинки“ во Кочани. Дополнително, божикни пакети им беа поделени и на децата кои учествуваа во традиционалната Бадникова поворка, организирана во храмот „Св. Атанасиј“ во населбата Оризари.

„Со оваа иницијатива целта ни беше да внесеме празнична атмосфера, радост и насмевки кај најмладите, а воедно и да го поддржиме негувањето на христијанските традиции и духот на заедништво за време на божикните празници“, велат организаторите.



Слични Објави