|

ФОТО: На училиште не може, било ризично, а во Ист Гејт Мол на „Зимска бајка“ може

Во Ист гејт мол, во саботата се одржа како што велат тие, јануарска зимска бајка, исполнета со забава, уживање и шопинг. Оваа сабота (22.01.2022) на Централниот плоштад во најголемиот шопинг центар на регионално ниво, Ист Гејт Мол, безброј мали дечиња со своите родители и семејства беа сведоци на оригиналната изведба во живо на детската театарска куклена претстава „Лакомата меца“. Професионалните актери од Театарот за деца и младинци, со својата изведба, како и со читањето на некои од омилените бајки за деца и подароците од Книжарница ТРИ и Литература, внесоа магична атмосфера во шопинг центарот и ја разиграа детската фантазија.

Сега, се поставува прашањето зошто тогаш Владата одлучи да го одложи почетокот на второто полугодие во основните и средните училишта, ако „собиранките“ во затворени простори со голем број присутни продолжуваат.  Како што е познато, Комисијата за заразни болести не препорача да биде одложен почетокот на второто полугодие, но Владата одлучи сепак зимскиот распуст да биде продолжен до 1-ви февруари, со образложение дека се шири сојот омикрон. Па, дали се шири сојот на овие собири или само во училиштата.

Канцеларијата на УНИЦЕФ пред два дена реагираше со апел ова да е последно затворање на училиштата, бидејќи местото на учениците е токму во училишните клупи.

Сепак, како и секогаш така и сега, чудни се критериумите во мерките кои се носат за спречување на ширњето на коронавирусот.



Слични Објави