ФУДБАЛЕР НА МОНАКО ДОБИ ЦРВЕН КАРТОН, ПА ГО ИСТУРИ ГНЕВОТ ВРЗ ВАР – МОНИТОРОТ

Екипата на Сент Етиен ја прекина серијата победи на екипата на Монако, откако вчера славеа на домашен терен со 1-0.

Но, потегот на вечерта го имаше Рубен Агилар, кој доби директен црвен картон во судиското продолжение.

Десниот бек на Монако беше исклучен во финишот од натпреварот, а на пат кон соблекувалната го истури гневот на ВАР – мониторот.

Многумина се незадоволни од воведувањето на ВАР и неговата улога во денешниот фудбал, но никој досега не го покажа своето незадоволство на ваков начин.

Нема сомнение дека тој ќе биде казнет поради ваквото однесување.

Извор: Спорт1

Слични Објави