| | |

(Галерија) Во Скопје беше одбележан 2 Јуни- Денот на Ботев и на загинатите за слободата и независноста на Бугарија

Со минута молк во 11:00 часот по локално време (12:00 ч. бугарско) пред барелјефот на Христо Ботев на зградата на бугарската амбасада, дипломати од Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, претставници на Бугарскиот културно-информативен центар и на бугарските здруженија во Република Северна Македонија му оддадоа почит на Ботев и на загинатите за слободата на Бугарија, јавува БТА.

„Секој од нас има лична мотивација да биде тука и во своите мисли, со кои им оддава почит на загинатите за слободата на Бугарија. Моите мисли за 2 јуни се поврзани со бескрајната желба за слобода, бескомпромисната волја за дејствување, за постигнување на таа слобода и реализмот, и свеста дека таа слобода може да биде постигната единствено и само со сопствени сили. Поклон пред хероите“, изјави заменик-шефот на бугарската дипломатска мисија во Северна Македонија, Владимир Христов.

На барелјефот на поетот на влезот на Амбасадата на Република Бугарија во Скопје, Христов положи цвеќе во име на амбасадата. Цвеќе положија и воениот и помошник-воениот аташе на Бугарија во Северна Македонија, полковник Асен Ламбев и мајор Дијана Димитрова, директорката на Бугарскиот културно-информативен центар Антонија Велева и директорката на бугарското неделно училиште „Здравеј“, Илијана Атанасова.

Слични Објави