Генералниот конзул на Бугарија во Чикаго: „Обединети во името на човечноста, нашите спортисти покажаа дека добрината и солидарноста немаат граници“
Генералниот конзул на Бугарија во Чикаго, Светослав Станков, преку пост во социjaлната мрежа Facebook ја искажа својата искрена почит кон Фондацијата „Национали 94“ и Фудбалската репрезентација на Северна Македонија за успешно организираниот хуманитарен натпревар во Варна.
Натпреварот помеѓу ветераните на Бугарија и Северна Македонија се одржа во знак на поддршка за жртвите од трагичниот пожар во Кочани. На истиот беа собрани 112 илјади лева (околу 56 илјади евра) за настраданите во трагедијата.
„Обединети во името на човечноста, нашите спортисти покажаа дека добрината и солидарноста немаат граници. Заедно сме посилни!“, нагласи конзулот Станков во својата објава.

