Германскиот канцелар Олаф Шолц ќе работи за влезот на Хрватска, Романија и Бугарија во Шенген зоната

//

Бугарија, Хрватска и Романија ги исполнуваат условите за полноправно членство во Шенген зоната, изјави денеска германскиот канцелар Олаф Шолц, јавува БГНЕС.

„Шенген зоната е едно од најголемите достигнувања на Европската унија и ние мора да го заштитиме и развиеме. Тоа, меѓу другото, значи и затворање на преостанатите празнини“, вели Шолц.

„Хрватска, Романија и Бугарија ги исполнуваат сите технички услови за полноправно членство. Ќе работам тие да станат полноправни членки“, истакнува германскиот канцелар Олаф Шолц.



Претходна статија

Беровчанец се обидел во банка да замени фалсификувани 200 американски долари

Следна статија

EУ ќе инвестира девет милијарди евра во економиите на Западен Балкан

Најново од Вести