„Заев или не може или не смее да ги слуша оние што сакаат да му помогнат, па затоа “тргува со умот” со криминогени типови со кои е опкружен и со луѓе што секако политички ќе го уништат. Уште целосно не ги разбирам причините за овој неверојатен политички суицид на отворена сцена.
Другарки и другарчиња, да ве потсетам.
Уште во првата од серијата приказни за Коки, Фрики, Кики и другите, со кои ја најавив аферата “Рекет”, најпријателски го посоветував премиерот Зоран Заев скандалот веднаш да го затвори по принципот “кој коњ се фати, тој врши”. Тогаш тоа сė уште беше можно“, пишува во својата најнова колумна новинарот Бранко Героски.


