ГЕРОСКИ: ЗОШТО НЕ ПРЕЗЕДОВМЕ МЕРКИ НА ВРЕМЕ?
„Повеќе од 40 отсто од тестираните се заразени! Бројката на починати стравична! Чисто да биде запишано, бидејќи ќе дојде ден кога за оваа национална трагедија ќе се води многу сериозна дебата. За одговорноста. Таа дебата ќе биде уште понепријатна ако мерките што сега ги спроведуваат западноевропските и некои други европски држави дадат резултати. Тогаш некој ќе мора да одговори на најтешкото прашање – зошто ние не ги презедовме истите мерки на време“, прашува преку својот facebook профил новинарот Бранко Героски.

