Ѓоргиевска: Преку успешни претприемачки практики да ги поттикнеме и охрабриме руралните жени

/

Сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска денеска се обрати на конференцијата „Предизвиците на жените во руралните средини и нивните заложби“, што под нејзино покровителство се одржа во Кабинетот на претседателот.

Во рамки на настанот беше организирана и изложба на производи на жени земјоделки, со цел да се поттикнат жените да се вклучат во процесите на производство на прехранбени производи.

Во своето обраќање, Ѓоргиевска истакна дека е потребно преку презентирање на добри практики и успешни приказни за жени претприемачи во руралните средини, да се поттикнат руралните жени да се ослободат од традиционалните стеги и да претставуваат инспирација за останатите.

-Се надевам дека оваа конференција и изложбата којашто ја направивме овде во Кабинетот ќе овозможи промоција на сето она што го работите, да се покаже кое е всушност значењето на жената во руралните средини, воопшто во стопанството во нашата земја“, рече сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска.

Изразувајќи задоволство што изложбата, како еден од настаните по повод Меѓународниот ден на жената од руралната средина се реализира во Кабинетот на претседателот, Ѓоргиевска ја нагласи нејзината поддршка на ваквите настани и во иднина.



-Ви честитам за прекрасната изложба, имав можност да ја видам и навистина се надевам дека во иднина ќе направиме уште повеќе вакви изложби и на таков начин ќе се обезбеди подобар пласман на вашите производи, истакна Ѓоргиевска.

Конференцијата и изложбата се во организација на Центарот за управување со промени(ЦУП) во соработка со Националната федерација на фармери по повод Меѓународниот ден на руралната жена, 15 Октомври.

Извор: Zoom. mk



Претходна статија

Од полноќ нови цени на горивата

Следна статија

Украле 6 метални ролни и 8 запци од корпа од РЕК Битола – уапсени 2 лица

Најново од Вести

Историскиот музеј во Благоевград ќе претстави две монографии, за ВМРО и за улогата на активните жени во бугарските заедници во Македонија и Одринска Тракија

Во Регионалниот историски музеј – Благоевград денеска ќе бидат претставени две монографии на д-р Елена Александрова,