| |

Главчев: Бугарија останува посветена на одговорот на руската агресија врз Украина

„Бугарија останува целосно посветена на силниот и обединет одговор на НАТО, ЕУ и меѓународната демократска заедница на руската воена агресија против Украина. Ова го напиша премиерот на Бугарија Димитар Главчев на својата Фејсбук страница по пристигнувањето во Швајцарија на Самитот за мир во Украина, јавува БГНЕС.

„Пристигнав во швајцарското одморалиште Бургеншток, каде што ќе учествувам на Првиот самит за мир во Украина. Бев пречекан од претседателката на Швајцарската Конфедерација, Виола Амхерд и од претседателот на Украина, Володимир Зеленски“, напиша Главчев.

„Бугарија останува целосно посветена на силниот и обединет одговор на НАТО, ЕУ и меѓународната демократска заедница на руската воена агресија врз Украина. Нашата земја продолжува да ја поддржува Украина во нејзината праведна кауза да го потврди своето право на слобода и независност и самостојно да ги избира сопствените безбедносни гаранции. Бугарија ја поддржува и евроатлантската перспектива на украинската земја. Доказ за тоа е Декларацијата за поддршка за членството на Украина во НАТО усвоена на 6 јули 2023 година од бугарскиот парламент. Бугарија ја поздравува одлуката на Европскиот совет за почеток на преговори за пристапување на Украина во Унијата и го признава важниот напредок што земјата го постигна“, додава бугарскиот премиер.

Слични Објави