| |

Главчев: РС Македонија користи тон кој веројатно нема да ѝ помогне да стане членка на ЕУ

Бугарскиот премиер Димитар Главчев е категоричен дека РС Македониja мора да ги почитува барањата на Европската унија.

Не мислам дека тонот што Република Северна Македонија го користи во последно време ќе и помогне да стане членка на Европската Унија. Не станува збор за какви било нови преговори. Мислам дека направивме доволно компромиси со нашиот национален идентитет и тие само треба да се усогласат со барањата на ЕУ за да станат членка на Унијата. Ова го порача бугарскиот премиер Главчев во врска со провокациите на властодршците во Република Северна Македонија во однос на Бугарија, јавува БГНЕС.

Главчев истакна дека Бугарија е предвидлив партнер и лојална земја- членка на ЕУ.

„Немаме со што да ги изненадиме другите земји-членки. Знаете дека го поддржуваме проширувањето и европската перспектива на земјите од Западен Балкан, уште повеќе – во 2017 година ја продолживме оваа тема и бевме предводници на процесот. Секоја земја од Западен Балкан што сака да стане членка на ЕУ ќе биде земена предвид со нејзиното учество во овој процес и исполнувањето на сите барања кои се неопходни за да стане членка на ЕУ“, истакна тој.



Слични Објави