ГП ЌАФАСАН-СТРУГА ВЕЌЕ 9-ТИ ДЕН НЕМА НАПОЈУВАЊЕ ОД ЕЛЕКТРОДИСТРИБУТИВНАТА МРЕЖА

Граничниот премин Ќафасан-Струга веќе 9 дена се напојува со дизел агрегат бидејќи нема напојување од електродистрибутивната мрежа по удар од гром. Таа информација ја добивме на нашиот e-mail и ви ја пренесуваме во целина:

„Поради електрично празнење -удар од гром на ден 09.06.2018 година настрада трафостаницата на ГП Ќафасан -Струга. Веќе 9-ти ден нема напојување од електродистрибутивната мрежа при што основните услови за работа се обезбедуваат преку дизел агрегатот. Како што дознаваме од доверливи извори трафостаницата на ГП Ќафасан е во сопственост на Царинска управа на РМ при што надлежните се уште немаат дадено насоки за отклонување на овој проблем. Вакви дефекти се специфични по својата природа и истите треба да се отклонат во најкус можен рок за да нема пречки во процесот од секојдневната работа.

Во овој случај сакаме да ги охрабриме надлежните од ЦУРМ своите одлуки за отклонување на вакви дефекти да ги носат по скратена постапка (без објава на јавна набавка) бидејќи ГП ЌАФАСАН е најголем премин кој не поврзува со Република Албанија  при што протокот на стока и патници не смее да биде доведен во прашање доколку се одолговлекува санирањето на дефектот“.