ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА РИМ… БЛАГОЈ БОЧВАРСКИ СЕ ПОФАЛИ СО 1000 МЕТРИ ЛОКАЛНИ ПАТИШТА
Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски се пофали на својата официјална facebook страна дека во краткиот период откако е прв човек на општината успеал да изгради 1000 метри локални патишта.
Со тоа темпо Бочварски ќе треба да биде градоначалник на Штип до 2050 година, за да може да изгради барем уште 30-тина километри патна инфраструктура. Драги Штипјани, се надевам дека ќе го оцените фактот што со вашата општина раководи толку вреден човек и на следните локални избори ќе му ја дадете повторно вашата поддршка. Тампонираните 1 километар и 400 метри немаат потреба од коментар.