|

Градот Скопје испрати противпожарна екипа во Газиантеп

Како првична и интервентна мерка градот Скопје испрати екипа на Територијална противпожарна бригада на Град Скопје кон Газиантеп каде ќе биде ставена на целосно располагање на турските власти за сите потреби на спасувачката акција.

„На утрешната седница на Советот на град Скопје предложивме и точка на дневен ред за одобрување на 6 милиони денари првична хуманитарна помош за Турција и Сирија. Во контакт сме и со локалните власти од Газиантеп, и се што ќе произлезе како потреба на тамошните власти, градот Скопје го става на располагање“, соопштија од Град Скопје.

Скопје, додаваат од таму, знае што значи солидарност. „Скопје е град на солидарноста!“, потенцираат од Град Скопје.

Слични Објави