ГРЦИЈА ЌЕ ГО ПРОДОЛЖИ ЗАДОЛЖИТЕЛНИОТ ВОЕН РОК

/

Грчкиот министер за одбрана, Никос Панагиотопулос, најави дека задолжителниот воен рок наскоро ќе биде продолжен од 9 на 12 месеци.

Тој смета дека на тој начин вооружените сили ќе бидат значително засилени.

Министерот истакна дека ќе се зголеми бројот на професионални офицери и бројот на студенти во воените училишта, пренесува „Грик рипортер“.

Панагиотопулос не прецизираше кога тоа може да се случи, но се претпоставува дека ќе биде на почетокот на 2021 година.



Извор: Макфакс

Претходна статија

ФАТЕН АРАЧИНОВЕЦ СО ЧЕТВОРИЦА МИРАНТИ ОД БАНГЛАДЕШ

Следна статија

ВОЗИЛО ЗАВРШИЛО ВО КАНДЕЛАБРА, ДВЕ ДЕВОЈКИ ПОВРЕДЕНИ

Најново од Вести