Хрватска го поддржува влезот на Бугарија во шенген зоната

/

Хрватска е подготвена да и понуди на Бугарија својата професионална и техничка поддршка за пристапување во шенген зоната, соопшти Министерството за внатрешни работи во Загреб по средбата меѓу министерот Давор Божиновиќ и неговиот бугарски колега Бојко Рашков.

Божиновиќ и Рашков разговараа и за состојбата во Украина и ангажманот за обезбедување привремена заштита на украинските бегалци, како и состојбата со мигрантите во источниот дел на Медитеран.

Состанокот беше посветен и на новиот Пакт за миграција и азил и стратегијата за посилна и поотпорна шенген зона. Министрите потврдија дека трендот на зголемен миграциски притисок на надворешната граница се зголемува со пролетните месеци и дека ниту Хрватска, ниту Бугарија не се крајната дестинација за илегалните мигранти.

Божиновиќ и Рашков се согласија дека интензитетот на притисокот е поврзан со политичките и безбедносните околности, како и со начинот на кој се управува со миграцијата во соседните земји.



Извор: zoom.mk



Претходна статија

Нема продолжување на учебната година во средните училишта

Следна статија

Полскиот премиер: Путин е поопасен од Хитлер и Сталин

Најново од Вести