ХУМУС- ЗДРАВ И ВКУСЕН НАМАЗ

Состојки:
– 2 лажици сусам
– 100 милилитри вода каде што се имаат варено леблебиите
– 200 грама варени леблебии
– 2-3 лажици сок од лимон
– 2 чешниња лук
– 50 милилитри маслиново масло
– 1 лажица сечкан магдонос
– половина лажица мелена црна пипер

loading...

Подготовка:
Испечете го сусамот во тавче без масло па половината од сусамот сомелете го во електрична машина за мелење а останатиот сусам оставете го. Во водата каде што се леблебиите, додадете малку сол, варете ги па оставете да се изладат. Леблебиите измешајте ги со водата, сокот од лимонот, додадете го лукот па сето ова миксирајте во блендер како би се добила глатка смеса. Додадете го маслиновото масло, магдоносот, црната пипер и мелениот сусам. Намазот ставете го во стаклен сад со капак па ставете го во фрижидер да се излади. Добиениот намаз мачкајте го на леб или на омилените солени кекси.

Извор: Мисли



loading...