| |

И да го запалат Ѓорче, се ќе се најде некој да го изгаси

Жители на населбата „Ѓорче Петров“ најавија нови протести за денес од 18 часот. Околу 100-на граѓани вчера излегоа на улица откако 10-годишно дете беше удрено од автомобил. Нивните барања се повеќе од јасни, а имено поставување на светлосна сигнализација и легнати полицајци, пред Основното училиште „Мирче Ацев“. Учесниците во протестот велат дека нивните барања наишле на отпор од надлежните, и се е заканија дека ако се случи уште еден ваков инцидент, ќе го запалат цело Ѓорче. Дали Општината ќе преземе мерки за решавање на овој проблем, останува да видиме, но едно е јасно и да дојде до „палење“ на населбата, се ќе се најде некој што ќе ја „изгаси“, бидејќи секогаш се наоѓа начин гневот на народот да биде пренасочен или потиснат со сите расположливи средства.

Слични Објави