И се заканувал на неговата поранешна партнерка, ја следел, вршел психичко насилство: кривична за маж од Кумановско
СВР Куманово поднесе кривична пријава против С.А.(36) од село Черкези, кумановско поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „демнење“.
Пријавениот подолг временски период вршел психичко насилство, ја следел и ја вознемирувал од различни телефонски броеви неговата поранешна партнерка, а притоа ѝ упатувал и закани.

