|

И средношколците ќе протестираат поради јавниот превоз во Скопје

Сојузот на средношколците го поддржува и ќе учествува на денешниот протест посветен на решавање на проблемот со недостигот на јавен превоз во Скопје.

Протестот ќе почне во 14 часот пред старата пошта во Скопје по што учесниците ќе се упатат кон Град Скопје, каде што протестот ќе продолжи од 14.30 часот.

„Овој сериозен проблем особено ги засега средношколците правејќи го секојдневното патување до училиштата во градот сè потешко. Како млади луѓе, кои директно се засегнати, бараме итни и одржливи решенија за враќање на јавниот превоз и обезбедување еднаков пристап до образование за сите ученици“, велат од Сојузот на средношколците.

Се додава дека Сојузот останува посветен на застапување на правата и потребите на учениците и обезбедување дека гласовите ќе бидат слушнати за прашања што ги засегаат нашето образование и секојдневен живот.



Слични Објави