Има загинати деца – Русите погодија градинка и сиропатилиште

„Киев Индепендент“ пренесе дека руски ракети погодиле градинка и сиропатилиште во украинскиот град Охтирка, кој се наоѓа во североисточниот дел од земјата.

Оттаму информираат дека има загинати и ранети, а меѓу нив и деца.

Украинскиот министер за надворешни работи на својот профил на Твитер напиша дека руските напади врз сиропиталишта и градинки се воени злосторства и кршење на Римскиот статут. „Заедно со државниот обвинител собираме докази и се ќе му предадеме на Хаг“, напиша Кулеба и додаде дека некој ќе мора да одговара.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави