ИНДИСКА ДВОЈКА ГИ НАРЕЧЕ НОВОРОДЕНИТЕ БЛИЗНАЦИ КОВИД И КОРОНА

/

Епидемијата на Ковид-19 доби необичен пресврт во Индија, каде што една двојка ги нарече своите новородени близнаци Корона и Ковид, за наводно да ги потсетуваат за тешките времиња услови на епидемија, пренесува РТ.

Двојката од индискиот град Рајпур добила необична инспиранија од строгиот режим наметнат во Индија за запирање на ширењето на коронавирусот. Младата мајка изјавила за новинската агенција ПТИ дека ова ќе бидат нивни имиња засега, но дека може да ги сменат подоцна.

„Кога и вработените во болницата почнаа да ги нарекуваат бебињата Корона и Ковид, конечно решивме да ги именуваме по пандемијата. Вирусот навистина е опасен по животот, но неговото појавување ги натера луѓето да се фокусираат на санитарните услови, хигиена и да всадат други добри навики. Затоа помисливме на овие имиња “, рече таа.



Индија, во која живеат речиси 1,4 милијарди луѓе, досега има 2.567 потврдени случаи на Ковид-19 и 72 смртни случаи.

Извор: Макфакс



Претходна статија

ВИДЕО: БАТЕ БОЈКО ТЕГНЕЛ УШИ ВО ПАРЛАМЕНТОТ: СПИКЕРКАТА СЕ ИЗВИНИ ЗА ИЗЈАВАТА ЗА ПОПУЛИЗМОТ И ПРАТЕНИЧКИТЕ ПЛАТИ

Следна статија

ПО ПРЕПИСКАТА СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО СИСТИНА ЈА ПОСЕТИ ИНСПЕКЦИЈА

Најново од Вести