|

Институтот за војна: На Русија ѝ се заканува сериозен политички земјотрес од тектонски размери, Пригожин сака да го собори Путин

Лидерот на руската платеничка група Вагнер, Евгениј Пригожин даде необично интервју од кое аналитичарите претпоставуваат дека има план да го собори рускиот претседател.

Бројни медиуми наведуваат дека на Русија ѝ се заканува сериозен политички пресврт, потсетувајќи дека некои други елементи од јавните говори на шефот на Вагнер сугерираат дека тој смислува план за соборување на Путин од власт.

Последното интервју на Пригожин, кое аналитичарите го нарекоа „чудно“, беше дадено за руските новинари од РТ и РИА Новости на 14 март и објавено од неговата Федерална новинска агенција.

Институтот за проучување на војната (ISW) наведува дека интервјуто вреди да се забележи поради неговиот необичен формат и дека Пригожин се чини дека го имитира начинот на кој Владимир Путин ги снима своите јавни настапи, со претходно подготвена кореографија. Имено, Пригожин седел на масата, а интервјуто било врамено на ист начин како што се врамени разговорите на Путин со бројни функционери.

„Тој го прави ова со цел да го исмее Путин или можеби суптилно да сугерира дека има поголеми политички амбиции“, тврди ISW, мислејќи на претстојните претседателски избори во Русија во 2024 година.

Исто така, се проценува дека овој филмски стил е невообичаен за Пригожин, бидејќи тој не користи толку стерилен формат во неговите јавни видео настапи, најчесто снимајќи некаде надвор во униформа.

Пригожин исто така го искористи ова интервју за да ги повтори своите претходни аргументи за потребата да се всади тврдоглава идеологија во руските борци и инсинуираше дека руското Министерство за одбрана намерно конфискува артилериска муниција од Вагнеровата група.



Слични Објави