| |

Историскиот музеј во Петрич одбележа 60 години од основањето

Историскиот музеј во бугарскиот град Петрич одбележа 60 години од основањето со доделување признанија за придонес во музејската дејност и изложба на бугарски народни носии. Свеченоста е дел од програмата со која музејот го одбележува јубилејот во текот на целата година, изјави за Бугарската телеграфска агенција (БТА) директорката Катја Стојанова.

Постхумно признание доби Димитрина Бачварова, која пред шест децении ги поставила темелите на музејската дејност во Петрич. Признанието го прими нејзината ќерка. Посебно признание доби и градоначалникот Димитар Брчков, кој како општински советник ја покренал иницијативата музејската збирка да прерасне во институција.

Според Стојанова, во последните три години над 11.000 деца учествувале во музејските работилници. Од отворањето на обновената зграда во 2022 година, музејските локалитети бележат над 295.000 посети, а самата зграда ја посетиле повеќе од 110.000 луѓе.

На свеченоста, на ревија беа претставени шест народни носии од музејската збирка. До крајот на годината посетителите ќе можат да ја разгледаат и патувачката изложба со околу 50 народни носии од различни делови на Бугарија, дел од личната колекција на Мартин Влахов.

Слични Објави