Италија ја постигна целта: Вакцинирани 60 отсто од населението над 12 години

/

Италија ја постигна целта за целосно вакцинирање на 80 проценти од населението над 12 години против коронавирусот, според официјалните бројки, цел што Рим ги постави како безбедносна граница.

Според владината веб-страница, 43.229.551 лица постари од 12 години, од вкупно 60 милиони жители, го завршиле својот циклус на вакцинација на 10 октомври.

Целта од 80 проценти беше поставена во март од специјалниот комесар за борба со епидемијата на коронавирус, генерал Франческо Паоло Фиглиуоло.



Гвидо Раси, поранешен директор на Европската агенција за лекови (ЕМА) и сегашен советник на Филиуолу, рече дека тоа „не е само симболичен праг”.

„Ова е нивото што пресметките покажуваат дека е во корелација со значително намалување на циркулацијата на вирусот и драстично намалување на хоспитализациите”.

Претходна статија

Рама: Мојата цел е да ја обединам Албанија со Косово

Следна статија

Во тетовската болница прв пат извршена унипорт операција

Најново од Вести