ИТАЛИЈАНЕЦ ПЕШАЧЕЛ 450 КИЛОМЕТРИ ПО КАВГА СО СОПРУГАТА

Италијанец изодел скоро 450 километри за „да си ја разбистри главата“ по расправија со неговата сопруга. Човекот бил запрен од полициска патрола рано наутро во понеделникот во близина на Фано, централна Италија.

loading...

Тој бил уморен и измрзнат, како што истакна полицискиот службеник Антонио Скванси.

„Пешакот“ ѝ рекол на полицијата дека се скарал со неговата сопруга и на 22 ноември го напуштил заедничкиот дом во покраината Комо во северна Италија. Тој прво со воз се упатил кон Милано, а потоа почнал да пешачи. Негова цел била областа Апуља на југот на земјата.

Градот Фано се наоѓа на 380 километри од централната станица во Милано. Според Google Maps, за ова патување би биле потребни 79 часа пешачење.



loading...

Полицијата го одвела 48-годишниот мажот во хотел и ја повикале неговата сопруга да дојде и да си го прибере дома.

Властите ги негираa наводите во некои медиуми дека на човекот му била пишана казна за кршење на полицискиот час од 22 часот до 5 часот наутро.