Издадена наредба за обдукција на починатиот во Кисела Вода, соопшти обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид на лице место на локација во Кисела Вода, каде при одрон на градилиште еден работник го загуби животот, а тројца беа повредени, соопшти обвинителството.
„Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на починатиот.
Во насока на испитување на причините за несреќата и почитувањето на прописите за заштита при работа постапуваат и Државниот инспекторат за труд и општински градежен инспектор“.

