|

Изгласан Законот за државјанство

Собранието го донесе Законот за изменување и дополнување на Законот за државјанство. За измените и дополнувањето вкупно гласаа 89 пратеници, од кои 57 „за“, 32 „против“ и ниту еден „воздржан“.

Со измените на законот треба да се реши статусот на луѓето од поранешните југословенски републики кои до денот на прогласување на независноста живееле во земјава. Тие ќе треба да добијат државјанство во рок од три години по стапувањето во сила на Законот.

Претходно, во расправата по предлог-измените и дополнувањето на Законот, пратеникот од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојановски рече дека на ова прашање не треба да се гледа како проблематика која ја опфаќа етничката припадност, туку треба да се гледа правно.

– Во интерес на сите граѓани е да се донесе законско решение, кое ќе може да ги реши проблемите на лицата кои се засегнати со оваа проблематика и ќе ги гарантира сите уставни и правни норми на државата, рече Стојановски.

Тој потенцира дека законското решение треба да биде решено со консензус, а не со неприфаќање на забелешките на опозицијата.

Пратеничката од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Ели Панова забележа дека законот на пленарна седница стигнал со кршење на Деловникот, на сите практики и процедури. Целиот напис можете да го видите овде.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави