|

Изложба на цртежи на ДЛУМ

Вечерва, во 20 часот во Галерија КО-РА во Скопје, Друштвото на ликовни уметници на Македонија ја организира изложбата „Цртеж – експериментален – цртеж“…

Во најавата од ДЛУМ велат дека не отстапуваат од фактот дека цртежот е составен дел не само од ликовната и применетата уметност, туку и од театаската, филмската и видео арт уметноста, повеќе од јасно е значењето на овој изложбен концепт.

„Со него едноставно се поттикнува развојот на новите форми на цртежот и се создава нов концепт кој целосно го напушта класичниот. Современиот цртеж не ги исклучува традиционалните техники, туку често го проширува полето на истражување и експериментирање вклучувајќи ги притоа и сите негови радикални трансформации“, велат во поканата за изложбата од ДЛУМ.



Слични Објави