Израел: Вакцината Бионтек/Фајзер помалку ефикасна против Делта-сојот
Според Министерството за здравство на Израел, ефикасноста на вакцината Бионтек/Фајзер се намалила поради Делта-сојот. Таа сега спречува само 64% од инфекциите, но заштитата од тешки облици на Ковид-19 останува висока, пренесува Deutsche Welle.
Ефикасноста на вакцината Бионтек/Фајзер во Израел, според Министерството за здравство на таа земја, е значително намалена во последните недели. Агресивниот Делта-сој на коронавирусот се шири паралелно, соопшти Министерството. Од 6 јуни ефикасноста на вакцината во спречување инфекција е падната на 64%. Меѓутоа, вакцината и натаму многу добро заштитува од тешко заболување и болничко лекување – имено 93%.
Целиот напис прочитајте го овде.
