Поранешниот играч за врска на Барселона и Манчестер Сити, Јаја Туре, ја обвини Меѓунарадната фудбалска федерација (ФИФА) дека не е заинтересирана да ги реши проблемите околу расизмот.
Неговите зборови доаѓаат откако англиските репрезентативци претрпеа навреди на расна основа во Софија, на мечот против Бугарија во квалификациите за ЕУРО.