|

Јетон Бучи од ДУИ е назначен од Арсовска за нов директор на „Паркови и зеленило“

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска пред неколку дена го назначила Јетон Бучи од Демократската унија за интеграција (ДУИ) за нов директор на Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“.

Информацијата е објавена на „Фејбсук“ профилот на опозициската партија.

За директор на јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ е именуван Јетон Бучи, пишува на објавата на Фејсбук.

Претходниот директор на Јавното претпријатие, Мартин Ангеловски, беше разрешен на 13 август по помалку од еден месец на оваа функција.

Слични Објави