ЈОКИЌ: ДОНЧИЌ Е НАЈДОБРИОТ НАПАЃАЧ ВО НБА-ЛИГАТА
Утринава во НБА-лигата имаше балканска пресметка помеѓу Никола Јокиќ и Лука Дончиќ.
На крајот победник излезе српскиот центар, кој го водеше Денвер до победа од 107-106 на гостувањето кај Далас. Јокиќ запиша 33 поени со 7 асистенции и 6 скока, додека младиот Словенец реализираше 27 поени, 10 асистенции и 9 скока.
Јокиќ по натпреварот имаше само пофални зборови за Дончиќ и го окарактеризира како најдобриот играч во лигата.
„Можеби изгледаше како наш дуел, но секако дека секој играше за својот тим“, изјави Србинот. „Неверојатно е колку тој (Дончиќ) може да влијае на своите соиграчи. Затоа тој е најдобриот напаѓач во лигата“, додаде Јокиќ.
Извор: Спорт1

