|

СДСМ: Прифатена е иницијативата на нашите министри, бесплатна е замената на возачките и сообраќајните

Прифатена е иницијативата на министрите од СДСМ за бесплатна замена на возачките и сообраќајните дозволи, велат од оваа партија.

Владата, како што стои во нивната информација, донесе одлука со која се овозможува бесплатна замена на важечките возачки и сообраќајните дозволи за граѓаните на Република Северна Македонија.

„Бесплатни патни листови ќе добијат сите граѓани кои живеат надвор од нашата земја, а кои имаат потреба да се вратат за да извадат патни исправи.

Издавањето патните листови каде што нашата држава нема дипломатско конзуларно претставништо ќе биде направено онлајн, а тие ќе бидат испратени по пошта до граѓаните.

Со измени на законите граѓаните и понатаму да може да ги користат на територијата на државата, а ДПМНЕ не смее да ги казнува граѓаните“, потенцираат од партијата на власт.



Слични Објави