| |

Музејот во Благоевград ја слави љубовта кон археологијата

14 февруари освен празник на виното и љубовта е празник и на бугарската археологија.По тој повод Регионалниот историски музеј – Благоевград соопшти дека освен што ќе ја слават љубовта кон друго човечко суштество и кон виното, пригодно ќе го прослават и денот на археологијата.

„Среќен професионален празник колеги! Бидете здрави и не престанувајте неуморно да постигнувате и професионални и лични успеси“, пишуваат од културниот институт.

Денеска во 16 часот и 30 минути во фоајето на музејот ќе биде отворена археолошката поставка, која се претвори во традиција за овој празник.

Годинава во нејзините рамки ќе бидат презентирани студиите за ранонеолитската населба во атарот на местото Равен, село Брежани во 2009 и 2023 година.

Слични Објави