ЈУБИЛЕЕН КОНЦЕРТ НА МЕШАНИОТ ХОР „СТИВ НАУМОВ“-БИТОЛА

Мешаниот хор кој работи во состав на КУД „Стив Наумов“ вечер во Битола ќе приреди концерт посветен на 75 годишнината од формирањето на Друштвото.

Членовите на мешаниот хор под диригентство на Љубомир Трифуновски ќе исполнат дела од различни домашни и светски познати композитори.

-Програмата ќе почне со хорски композиции посветени на патронот, народниот херој од Битола Стив Наумов, а на целовечерниот концерт публиката ќе чуе и духовна музика, потоа композиции компонирани и инспирирани од фолклорни мотиви, составен дел на програмата се и песни од странски автори, а ќе завршиме со легендарната, химната на градот „Битола мој роден крај“, истакна диригентот Трифуновски во пресрет на вечерашниот концерт посветен на 75 годишнината од формирањето на КУД „Стив Наумов“-Битола.

Најстарото културно уметничко друштво во градот и државата посветено на хорското пеење е формирано во 1944 година, а прв диригент на хорот „Стив Наумов“ бил познатиот македонски композитор и диригент, Тодор Скаловски.



Слични Објави