КАМПАЊАТА „НА СЕКОЕ ДЕТЕ МУ Е ПОТРЕБНО СЕМЕЈСТВО“ ПРОМОВИРАНА ВО БИТОЛА

//

Голем интерес во Битола за кампањата која ја реализираат Министерствотозатруд и социјалнаполитика, УНИЦЕФ и СОС ДетскоСелоМакедонија, а чија цел е да ги поттикне граѓаните да станат згрижувачи на деца без родителска грижа и да им овозможат да растат во безбедно и грижливо семејно опкружување исполнето со љубов.Градоначалничката Наташа Петровска која ја поддржа оваа кампања, истакна дека локалнатасамоуправаќедонесеодлукисокоиќеимсеовозможиназгрижувачкитесемејствадаимаатусловисокоиќеможедаодговоратнапредизвикот.

„Овде сме за децата, за оние кои што се најсвети за нас, за оние за кои сме најмногу повикани. Длабоко во нас се крие една вистина – здрави генерации и иднина, а тоа се децата. Нив им е потребна топлина, љубов, грижа, посветеност, а за тоа треба дом. Ако зборуваме за дом и семејство, тогаш мора да има топлина и љубов, а ние ќе помогнеме од секаков аспект. Убедена сум дека локалната самоуправа, заедно со Советот на Општина Битола, ќе дадеме соодветна поддршка и помош за згрижувачките семејства“, рече Петровска.
Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, побара битолчани да ги отворат своите срца.
„Во Битола има само три згрижувачки семејства и едно во Демир Хисар.

Битолаќејатрансформирамезатоаштосакамедо 2020 годинаданеманитуеднодетенавозрастод 0 до 3 годинивоинституција. Во Битола има една таква институција, а секојодВасштоживеетукакогапоминувапокрајтааинституцијачувствуванеудобност, а најчесточувството есожалување. Преку деинституционализацијата, до 2020 година сите деца на возраст од 0 до 3 години ќе ги извлечеме од институциите и ќе ги сместиме во мали групни домови, згрижувачки семејства или друга форма на соодветно сместување“, посочи министерката Царовска.



На промотивниот настан говореа и претставникотна УНИЦЕФ воМакедонија, БенџаминПеркс и директорот на ЈУМ ЦСР Битола, Томе Цветковски.
„Понесени од носталгијата за детството, сететесенанеколкуубависпоменикоивредатзлатовоВашиотживот. НекатиесеќавањаВе поттикнатдаподаритељубов, дастанетезгрижувач. Порадитоа и јасбездвоумењејадавамтааљубов и грижаконлицекоенемародители“, речеРоманИдиќодБитола.
На настанот беше емитуван краток видео запис за едно згрижувачко семејство од Скопје, кај кое веќе 5 години е сместено девојче, донесено од Домот за доенчиња во Битола. Со музички точки настанот го збогатија децата од групата Dancing Relaxes и музичарот Димитар Андоновски.

Претходна статија

ВМРО-ДПМНЕ: КРИМИНАЛНИОТ КАРТЕЛ ПРЕДВОДЕН ОД ЗОРАН ЗАЕВ БРУТАЛНО ЈА ГАЗИ ДЕМОКРАТИЈАТА ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Следна статија

ВО ЖИВО: ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА НА ВИЦЕПРЕМЕРОТ АНЃУШЕВ

Најново од Вести