Кандидат за претседател на Мексико предложи да им се сечат рацете на крадците

„Рацете на крадците треба да се сечат“, изјави мексикански претседателски кандидат за време на ТВ-дебата, објави Ројтерс.

Предлогот на кандидатот Хајме Родригез, познат по прекарот Ел Бронко, го изненади модераторот и предизвика бура од коментари и потсмев на Твитер.
Родригез го направи предлогот за време на дебатата за корупција на првата од петте телевизиски дебати пред изборите на 1-ви јули.

„Треба тие што крадат да бидат казнети, треба да им се сечат рацете, едноставное “, рече 59-годишниот политичар и додаде дека ќе побара од Конгресот да донесе закон кој ќе ја поддржи неговата идеја.

Криминалот и корупцијата се главните теми на изборната кампања. Кандидатите се притиснати да понудат начин да се стави крај на корупцијата во јавната администрација и да се намали историскиот врв на убиствата во Мексико. Избраниот како прв независен гувернер на Мексико во 2015 година, Родригез ја напушти функцијата за да учествува во битката за претседател. Според последните анкети, тој е на петото место на листата на кандидатите.