КАНДИДАТОТ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИК НА ГДУ ЗА ОХРИД МИХАИЛ ТРЕНДАФИЛОВ-НАНЧЕ: ЌЕ ИМ ДАДЕМЕ ЦРВЕН КАРТОН НА РЕТРОГРАДНИТЕ СИЛИ
„Време е да изградиме општество на рамноправни луѓе, ослободено од секаков тип на пизми. Наша цел е да ги обединиме сите прогресивни сили особено оние од редовите на ВМРО и СДСМ и да им се даде црвен картон на ретроградните сили во нивните редови.
Охриѓани, се раѓа ново сонце на слободата“- истакна Михаил Трендафилов-Нанче, во обраќањето по неговата промоција како кандидат за градоначалник на Охид од редовите на Граѓанско Демократската Унија.
